Пратениците на Левица гласаа против изборот на Џафери

-На денешниот избор на техничката Влада, каде македонскиот народ беше понижен со поставување на амнестиран командант на терористичка групација за премиер, само пратениците на Левица гласаа против. Денешниот ден е понижување за сите бранители, кои животот го дадоа за слободна и независна Македонија против терористите во 2001 година, соопштија од паријата Левица.

-Не сме изненадени што пратениците од ДПМНЕ немаа храброст да гласаат против изборот на Џафери, затоа што токму тие кога беа власт ги амнестираа т.н. Хашки случаи и срамно го поставија Џафери за министер за одбрана. Дури и во најголемиот подем со 63 пратеници на власт, ДПМНЕ никогаш не ги разреши злостосторствата на терористичката ОНА, додека семејствата на бранителите и денес чекаат правда за нивните најблиски.

-Поставувањето на Џафери за премиер на техничката влада од страна на квинслинзите на СДС е последното национално предавство, во кое подеднакво учество и вина имаат двете македонски партии. Македонскиот народ повторно е предаден и погазен со изборот на дезертерот Џафери, и затоа Левица потенцира дека, се додека не се расчистат воените злосторства од 2001 година, за македонскиот народ нема да има правда.

-Левица во својата Програма како приоритет го поставува процесуирањето на тн Хашки случаи, за конечно семејствата на македонските бранители да ја дочекаат правдата која им следи, велат од партијата.