Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам.
Големите верски празници се мигови кога се празнуваат традиционалните вредности на хуманост, толеранција и заедништво. Република Македонија има вековна традиција на заеднички живот помеѓу различните верски и национални групи и таа традиција треба да ја развиваме и негуваме од почит кон нашите предци, но и како обврска за нашите идни поколенија. Во овие денови обединети, заеднички да покажеме меѓусебно почитување и да упатиме силна порака дека единствено преку меѓусебно разбирање и соживот ќе создадеме вредности кои ќе дадат огромен придонес за развој и просперитет на нашата држава. Во духот на овие вредности, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот празник Курбан Бајрам и им посакува овие празнични мигови да ги поминат во радост, спокој и хармонија во кругот на своите семејства, стои во соопштението на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.