![sobranie pratenici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/sobranie-pratenici.jpg?resize=640%2C408&ssl=1)
Иако според вообичаената практика пратеничките прашања за премиерот и министрите во Собранието се одржуваат последниот четврток од месецот, поради учеството на премиерот Зоран Заев на Светскиот економски форумот во Давос, седницата посветена на оваа институција е закажана за средата.
Седницата требаше да се одржи на 25-ти јануари, но е одложена за 31-ви поради учеството на Заев на собирот во Давос, а и поради тоа што на седницата би можеле да присуствуваат и сите министри.
Според Деловникот за работа на Собранието, прашања на премиерот и министри први треба да им постават пратеници од опозицијата, па потоа од владејачкото мнозинство. На седницата повторно, според најавите, нема да учествуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ