
Петнаесетина пратеници се редовни во собраниската теретана, пишува „Вечер“.
Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, кој неодамна на својот профил на Фејсбук постираше фотографија од себе во салата, под која стоеше „3 километри за 18 минути“, е меѓу најредовните во собраниската вежбална.
Во салата може да се сретнат и Илија Димовски, Крсто Мукоски, како и пратеничките Ане Лашкоска, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуровска.
– Фитнес-салата најмногу ја користиме во паузата за ручек од 14 до 15 часот, и наместо да ручаме во собранискиот ресторан, ќе изедеме една бисквита или кроасан и влегуваме во сала. После тоа, подготвени сме за второто полувреме од седницата, видно посвежи, поенергични и поефикасни во дискусиитe – вели Милошоски за „Вечер“, и смета дека со текот на времето ќе се зголеми бројот на ентузијасти кои по примерот на европските парламенти ќе ја користат фитнес салата.