Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ повторно ги изневерија и разочараа сите земјоделци во Македонија

Пратениците на СДСМ денеска повторно ги изневерија и разочараа сите земјоделци во Република Македонија. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ не дозволи да се дискутира и да се донесе Предлог законот за дополнување на Законот за водостопанство, кој е од директна корист за сите земјоделци, изјави Љупчо Димовски, на денешната прес-конференција пратеник од Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Пратениците на СДСМ не дозволија водните заедници коишто земјоделците сами ги изградиле, со сопствени средства да останат во нивна приватна сопственост. Пратениците на СДСМ не го изгласаа дневниот ред на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство и на тој начин не дозволија да се дискутира за реалните потреби на земјоделците во Република Македонија и да се донесе овој закон“, истакна Димовски.

Нагласи потенцираше дека со овој закон ќе беше решен еден голем проблем кој што ги мачи земјоделците во Република Македонија.

„Пратениците од Коалицијата „За подобра Македонија“ го поднесоа овој закон како барање на граѓаните со цел да се реши проблемот кој што ни беше посочен во постојниот Закон за водостопанство, а е резултат од формирањето на АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје. Од информациите коишто ги добивме од земјоделците одредени земјоделци се самоорганизираат и си формираат водни заедници со сопствени средства, односно изградија систем во кој набавија пумпи, црева, распрскувачи и слично. Проблемот како што ни посочија земјоделците е во постојниот Закон За водостопанство кој што предвидува овие приватни здружени водокорисници односно имот и опремата да бидат превземени и со нив да стопанисува АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје, изјави Димовски.

Потенцираше дека оттука, со овие дополнувања на Законот за водостопанство се предвидува да не се врши преземање на овие правни субјекти, туку да склучат договор за размена на податоци и други услуги во интерес на водостопанството.

„Со овие дополнувања на Законот за водостопанство ќе се заштитеа сите земјоделци кои се решиле да се организираат во земјоделски задруги односно во случајот во водни заедници која што сопственост на опремата и системот е целосно приватна. Овој закон ќе беше од исклучителна корист за сите земјоделци во Република Македонија, но пратениците на СДСМ повторно решија да ги стават партиските интереси пред интересите на граѓаните. СДСМ уште еднаш покажа колку всушност немаат реален контакт со земјоделството и земјоделците во Македонија“, заврши Димовски.