Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески денеска изјави дека тие немаат намера да учествуваат во Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи.
– Апсолутно немаме никаква намера да учествуваме во Анкетната комисија којашто ВМРО-ДПМНЕ сам си ја составува во ова Собрание која не ниту согласно договорот од Пржино. Нашиот став поврзан со анкетните комисии е за утврдување на политичка одговорност на функционери така што во ова Собрание веќе има формирано Анкетна комисија согласно договорот од Пржино, а таа е поврзана со скандалот со прислушувањето и ги опфаќа сите работи со одгвоорност на избрани и именувани функционери во оваа држава, изјави Сугарески, пренесува МИА.
Според него, за се што е поврзано со скандал, а не е поврзано со политичка одговорност има институции…
– Специјалното јавно обвинителство може да ги истражува овие случаи поврзани не само со пасоши и со лични карти и со сиот криминал во оваа држава и затоа не гледаме апсолутно причина за наше учество, рече Сугарески откако денеска на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беа предложени членови од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА за членови на оваа Анкетна комисија.
Пратеничката група на СДСМ, според Сугарески, не гледа потреба од формирање на таква Анкетна комисија ниту ја смета за легитимна.