Пратеникот во Собранието од редовите на СДСМ, Курто Дудуш, во допис до редакцијата на НетПрес реагираше во врска со изјавите на неговиот, како што вели доскорешен сопаритец Геге Демировски и негира дека во скопската населба Шуто Оризари имало предизборни манипулации и купување гласови на декемвриските паралемнтарни избори
Следува интегрално текскто од реакцијатан на Дудуш:
„На ден 16.06.2017 година на вашиот веб портал објавивте статија со наслов: „Во Шуто
Оризари на виделина излегуваат малверзациите и поткупот од СДСМ!“
Во самата статија го споменувате моето име, како пратеник во Собранието на РМ и општинската организација на СДСМ во Шуто Оризари, во контекст на наводни предизборни малверзации и финансиски конструкции надвор од законот. Најпрвин, би сакал да ве известам дека лицето Геге Демировски, што исто така е предмет на вашата статија со одлука на раководството на ОО СДСМ Шуто Оризари не е повеќе член на организацијата заклучно 5-ти јули 2017 година. Причините за ваквата одлука се образложени во официјален документ и доколку вашата редакција покаже интерес, истата може да ви ја доставиме.
Следствено на тоа, реакциите на споменатото лице на неговиот личен профил на социјланите мрежи се резултат на револт од донесената одука и сметам дека е непрофесионално од ваша страна истите негови реакции да ги презентирате и толкувате на начин кој ќе влијае на мојот кредибилитет и на кредибилитетот на СДСМ воопшто. Во однос на вашето пишување за споменатите 80.000 евра, лицето говори за ветувања од лице од дијаспората за финансирање на неговата евентуална кандидатура како независен кандидат за градоначалник на престојните локални избори за разлика од вашето толкување дека се работи за финансирање на изминатите парламентарни избори.
Согласно горенаведеново, очекувам јавно извинување од страна на вашиот медиум за изнесените погрешни и невистинити толкувања, во најскоро можно време“, се наведува во реакцијата на пратеникот Дудуш