Флорим Бесими пратеникот од редовите на ДУИ, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, поради како што вели избегнување на можен конфликт.
Претходно, Антикорупциската комисија излезе со став дека пратеникот Флорин Бесими не смее да го бира својот брат Фатмир Бесими за министер во новата Влада.
Бесими одлуката ја донел во консултација и согласност со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциската комисија, претходно изјави дека првиот потенцијален судир на интереси го препознаваат при изборот на владата, чиј член, според најавите, треба да биде Фатмир Бесими како министер за финансии, кој е брат на пратеникот Флорин Бесими.
-Пратеникот е избран од страна на народот, тоа не е спорно. Меѓутоа, тој никако не смее да учествува во изборот на својот брат. Прво, тука го гледам судирот на интерес и тој (Флорин Бесими) треба да се изземе од постапката за избор на влада и од гласањето за членови на влада, каде неговиот брат (Фатмир Бесими) е кандидат – рече Ивановска.