Пратеникот и кардиолог Сашко Николов кандидат за градоначалник на Штип од СДСМ

Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го утврди пратеникот и кардиолог Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои треба да се одржат на 13 декември во оваа опптина.
Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој истовремено продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.
„СДСМ  е фаворит на изборите во Штип, поради успешните политики во интерес на граѓаните, поради досегашната работа на еден од најуспешните градоначалници, Благојчо Бочварски, ​ и секако поради кандидатот со кој ќе настапи“, соопшти владеачката партија.
Во Штип ќе има вонредни локални избори откако Благој Бочварски беше избран за министер за транспорт и врски. Исто така ќе има избори и во Пласница, каде што градоначалникот Исмаил Јахоски стана пратеник.
Најверојатен противкандидат на Николов е исто така пратеникот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, во таа насока беше интервјуто на лидерот на партијата Христијан Мицкокси на штипската телевизија ТВ Стар.
Сепак новите градоначалници ќе имаат скратен мандат од само една година бидејќи во 2021 ќе се одржат редовните локални избори.