Пратеникот Влатко Ѓорчев на средба со американски конгресмени

Политичкиот прогон, влошените економски индикатори, контролата на власта над институциите биле само дел од темите на средбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев со американските конгресмени Роберт Питинџер и Ричард Хадсон од Републиканската партија. Тој воедно им изразил сочувство за смртта на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш.

„На средбите со двајцата конгресмени стана збор развивањето на билатералните односи меѓу САД и Македонија, како земји кои имаат потпишано договор за стратешко сојузништво и партнерство.

Ѓорчев ги информираше соговорниците за актуелните состојби во Македонија, влошените енономски индикатори, политичкиот прогон, контролата на институциите од страна на власта и проблемот со слободата на медиумите.

Конгресмените Питинџер и Хадсон се заблагодарија за посетата и нагласија дека со внимание ќе ги следат состојбите и случувањата во Македонија.

Ѓорчев се заблагодари на приемот, нагласувајќи го долгогодишното партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија на САД како сестрински партии на десниот центар, споделувајќи заеднички вредности.

На крајот, пратеникот Ѓорчев им изрази сочуство на американските конгресмени по повод смртта на поранешниот претседател Џорџ Буш, кој беше голем пријател на Македонија.“, се нагласува во соопштението на опозициската партија.