Ги откупил правата за производство на лек, ја зголемил цената 50 пати

Ги откупил правата за производство на лек, ја зголемил цената 50 пати
Ги откупил правата за производство на лек, ја зголемил цената 50 пати

Претприемачот што ги откупи правата на производство на лек, а потоа преку ноќ ја зголеми неговата цена за 50 пати сега ја брани својата одлука со тврдењето дека профитот ќе помогне во иднина да се произведат подобри лекови.

Медицинските организации гласно протестираа во неделата откако компанијата во сопственост на контроверзниот поранешен инвестициски менаџер Мартин Шкрели ја зголеми цената на лекот Дараприм, што лекува опасна паразитска инфекција од 13, 50 долари по пилула на цели 750 долари по пилула.

Неговата стартап компанија Туринг Фармасеутикалс, ги откупи правата за производство на лек Дараприм во август. Лекот за прв пат е произведен во 1940-тите години и се користи за лекување на токсопласмозис. Инфекција која не е честа, но затоа е особено опасна и може да биде фатална ако ги нападне бебињата чиишто мајки се заразиле во бременоста или возрасните чијшто имунитет е критично загрозен затоа што боледуваат од СИДА или некои видови на карцином.

Ги откупил правата за производство на лек, ја зголемил цената 50 пати
Ги откупил правата за производство на лек, ја зголемил цената 50 пати

Американското здружение за заразни болести и Здружението за лекови против ХИВ испратија заедничко отворено писмо до Туринг Фармасеутикалс на почетокот на септември, во кое се пожалија дека изненадниот скок на цената за Дараприм е неоправдан за пациентите чие здравје е сериозно загрозено и дека тоа е неодржливо за здравствениот систем, пишува Њујорк тајмс.

Мораме да направиме обрт на профитот на тој лек, изјави Шкрели во понеделникот.

Тој својата одлука ја одбрани со тврдењето дека мора да се развиваат понови верзии на лекот и дека неговата компанија е првата „која со децении навистина е фокусирана на овој производ“ и дека таквите истражувања се исклучително скапи. Тој рече дека лекот во моментов е премногу евтин.

Не е невообичаено компаниите да користат инвентивни толкувања на владините регулативи и дупките во законот за да ја преземат контролата над пазарот за одреден лек, посебно за оние што се откриени одамна и имаат ограничен пазар, а потоа повторно да ги лансираат по зголемени цени за кои што сметаат дека пазарот може да ги поднесе.

Шкрели и во минатото предизвикуваше контроверзи. Групата за правата на потрошувачите Citizens for Responsibility and Ethics од Вашингтон претходно побара истрага на односот на Шкрели со американската администрација за храна и лекови.