4.8 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024

„Правда за Никола Груевски“: Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност

Иницијативата „Правда за Никола Груевски“ преку соопштение до јавноста информира дека внимателно ја следат ситуацијата и остануваат на нивниот став и барања за одложување на издржувањето на затворската казна од две години на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Со внимание ја очекува одлуката на второстепениот кривичен совет по жалбата на Никола Груевски во врска со одбивањето на барањето за одложување на издржувањето на казната. Како иницијатива остануваме на нашето барање и очекување, кривичниот совет внимателно да ги согледа сите факти и аргументи наведени во жалбата на пратеникот Никола Груевски и истата да ја прифати со што ќе дозволи одложување на издржувањето на казната“, наведуваат од Инцијативата.

Оттаму ги информираат граѓаните дека ќе продолжи барањето за правда и во наредниот период преку преземање на сите демократски средства се до исполнување на нивните барања.

Очекуваме, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, на кого му даваме јасна и недвосмислена поддршка да не дозволи политичкиот прогон во Република Македонија да продолжи. Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност, се наведува во соопштението на Иницијативата.