
За влез на територијата на Грција задолжителен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест, но алтернативно може да се прикаже потврда за прележан ковид-19.
Овие правила за влез беа воведени минатата недела, а властите во Грција одлучија тие да бидат продолженидо 31 мај 2021 година, објави РСЕ.
Граничниот премин Евзони (Богородица) е единствениот кој е отворен за македонските граѓани со работно време од 7 до 23 часот по локално време, односно од 6 до 22 по македонско време.