Во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје и МИТ универзитетот, денеска во Стопанска комора на РСМ се одржа меѓународна научна и стручна конференција: Енергетската и здравствената криза – правни, економски, психолошки и политички аспекти.
Партнери на конференцијата беа: Факултетот за правни и пословни студии Др. Лазар Вркатиќ, Нови Сад ЦЕПС – Кисељак, БиХ, Институт за судска медицина – Скопје, Интернационален универзитет Травник, Травник, – Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – Скопје и Адвокатско друштво Чукиќ-Марков, Скопје.
Мисијата на конференцијата е да се даде конкретен научен, стручен и поширок општествен придонес во одговорот на предизвиците со кои се соочуваат денешните држави заради актуелните состојби наметнати со тешките последици од пандемијaта Ковид 19 и енергетската криза. Преку размена на експертски знаења, професионални практики и индивидуални искуства, како и взаемна соработка помеѓу образовните институции и деловната заедница, потребно е да се создаде основа за да се дојде до релевантни и применливи решенија со кои ќе се подобри институционалниот и нормативниот дизајн во борбата со совремeните ризици и закани.