Правнукот на Мусолини ќе игра за Лацио

Правникот на италијанскиот фашистички водач Бенито Мусолини е повикан во младинската екипа на римскиот прволигаш Лацио, тврди во четвртокот службената новинска агенција ANSA.

Осумнаесетгодишниот Романо Флориани Мусолини игра на позицијата бек и ќе биде дел од Примавера екупата на Лацио за играчи до 23 години, а апелираше да не биде осудуван по презимето.

„Тука во Лацио одговарам само за начинот на кој играм, а не затоа што се презивам Мусолини“, изјави голобрадото момче за дневниот весник Il Messaggero.

Романо е трерото дете на Алесандра Мусолини, вкука на Бенито Мусолини, и нејзиниот сопруга Мауро Флориани. Алесандра Мусолини е поранешна пратеничка на Европскиот парламент и беше членка на партијата Напред Италија (Forza Italia), а неизиниот син ќе настапува за клубот кој важи за десничарски.

Групата екстремни навивачи на Лацио, познати како „Ултраси“, според медиумите се поврзани со крајната десница, а во текот на последните години на „Курва Норд“ („северната кривина“) на римскиот стадион „Олимпико“ се виореа неколку транспарентни кои изразуваат гордост поради фашистичкото движење.

Во 2005 година клупската икогна Паоло Ди Канио им упати фашистички поздрав на навивачите на Лациона, всушност испружената рака што историски е поздрав на римските легии, по победата против големиот градски ривал Рома. За тоа доби забрана за играње на што одговори „Јас сум фашист, а не расист“.