Доколку се уште не сте смислиле што да му купите на својот партнер за новогодишните празници, можеме да ви помогнеме. Кошула, часовник, паричник или ремен е прилично клише, а голема е веројатноста дека до сега сте ги купиле. Подарувањето никогаш не било полесно, но секогаш кога сакате да подарите нешто, секогаш на памет ви паѓаат исти работи. Сепак, вистинско време е да ја вклучите фантазијата.
Сексологот Трејси Кокс топло советува дека оваа зима вашите подароци се базираат на секси игри и двојно задоволство. Подарете му нешто што заедно ќе го искористите во кревет и што на вас и на вашиот партнер ќе ви донесе неверојатно уживање. Бидете смели, иновативни и верувајте дека ќе бидете презадоволни од она што било спакувано.
Испробајте заедно нова играчка
Секси играчки се сјајни подароци, но избегнувајте било кој производ кој асоцира на „поголем“ и „потврд“ односно било каква асоцијација на големината на неговиот пенис. Паметно избегнувајте ги и сите помагала кои се наменети за подолго траење на односот. Доколку и следната година сакате да бидете со него, одлучете се за заедничка играчка.Добар избор е вибрирачки прстен, бидејќи таа играчка овозможува уживање и за двајцата. Прирачниците за секс исто така се добар заеднички подарок, имајќи предвид дека можете да ги прелистате заедни и да се инспирирате од идеите.
Ветете му година на одличен секс
Ова не чини многу, подарете му 12 месеци секс третмани на вашата приватна огласна табла.Еве идеја, набавете огласна табла и на разнобојни картички напишете ги своите омилени сексуални пози, места, време, денови, најдобар бакнеж, каде сакате да ве бакнува, работи кои би сакале да ги пробате, тајните делови на телото кои сакате да ви ги допре и слично. Играјте си, тој со тоа ќе биде воодушевен.
Влезете во Нова година со пракса
Купете кутија за подароци и и претворете ја во ваше тајно место за секси играчки. Во неа нека бидат вибратори, лубриканти, масло за масажа, лисици, добар водич за секс и Новата година може да започне.
Ставете шише шампањ во мраз, облечете секси комплет и повикајте го во спалната соба. Смејте се, испијте го пијалокот, вечерајте и потоа хо-хо-хо.