
Се уште е во тек утврдувањето на причините за превртувањето на автобусот со број 67 на ЈСП, при што беа повредени 49 патници, пишува Канал5.
Во тек е техничкиот преглед на возилото, како и анализите од алкотестот на возачот. Истражните органи вршат разговори и со патниците во автобусот, за да се дознае што точно се случило на релацијата Зелениково – Транспортен центар, на влезот на Драчево.
Според директорот на ЈСП, Мишо Николов, станува збор за автобус произведен во 98-та година и бил редовно сервисиран и технички исправен.
Како најверојатна причина за несреќата се споменува преголемата брзина и ги демантира информациите во дел од медиумите дека сопирачките биле неисправни.
Сите 49 повредени патници беа пуштени на домашно лекување.