Ковчег во подрум на убава зграда во Париз со половина милион евра нашла жена која го наследила станот на својата мајка и имала намера да го продаде.
„Не го завршивме броењето, но има некаде меѓу 500.000 и 600.000 евра, во банкноти од 500, 100 и 50 евра“, открил анонимен извод за дневниот весник Le Parisien.
Жена во педесеттите години го наследила станот од својата мајка и ги преземала документите потребни за продажба на недвижнини во луксузниот VII арондисман на француската престолнина, недалеку од Марсовите полиња и Ајфеловата кула, пишува весникот.
Жената ангажиорала агенција за недвижнини поради процена на вредноста на станот, а во рамките на подготовките за пдоражба на во подрумот е пронајдено богатството сокриено во ковчегот.
За поронаоѓањето ја известила полицијата која покренала истрага. Ангажирана е финансиската полиција специјализирана за случаи на перење и фалсификување пари.