Пред една година беше воведен првиот полицискиот час во цела Македонија

Македонија денеска одбележува една година од првиот полициски час воведен на територија на цела Македонија.

Имено, пред точно една година на денешен ден на сила беше ставена забрана за движење на граѓаните од 21 часот до 6 часот наутро, а подоцна беа прогласени и викенд карантини.

Оваа ригорозна мерка се воведе за прв пат во нашата земја, а целта беше максимална заштита на населението од коронавирусот.

Имено, и денеска на територија на Македонија на сила е полициски час кој трае од 22 часот до 5 часот наутро, а во текот на денот ќе се знае дали Комисијата за заразни болести ќе предложи нови рестирктивни мерки.

Полицискиот час не ги опфаќа припадниците на МВР, АРМ, противпожарните екипи и лицата од комунална хигиена кои моментно работат во смени.

Исто така, полицискиот час не се однесува на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, животно-загрозувачка состојба, лица кои одат на дијализа исклучиво во придружба на најмногу две лица. Ако поради итноста на здравстената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената инстуиција преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед.