Пред годишнината од инвазијата во Украина, 79 отсто Руси му веруваат на Путин

Во рускиот претседател Владимир Путин доверба во моментов имаат 79,1 отсто од Русите, а неговите политики ги одобруваат 76 проценти, покажуваат во петокот објавените податоци од анкетата спроведена од институтот ВЦИОМ.

Според овие податоци, значи дека нивото на доверба на Русите во претседателот Путин во текот на седмицата која завршува се зголемила од декемвриските 77,9 отсто, кога новото на одобрување на активностите на претседателот изнесуваше 74,3 отсто.

Сегашното истражување на јавното мнение на една седмица пред навршувањето на годишнината од почетокот на она што Москва официјално го нарекува „специјална воена операција“ во Украина, 79,1 отсто од Русите изразиле непосредна доверба во Путин. Истовремено 16,7 отсто од анкетираните изјавиле дека немаат доверба во рускиот претседател.

Истовремено, со политиките на Путин се согласни 76 отсто од испитаниците и ја одобруваат неговата работа, додека 14,3 отсто од Русите не се согласни со неговите политики.

Нема податоци дали во истражувањето прашањата се однесувале вклучително и на борбените дејствија на руските војски во Украина.

Анкетата била спроведени во приодот од 6-ти до 12-ти февруари врз 1.600 полнолетни граѓани, со маргина на грешка од еден процентен поен на образецот од 95 отсто.