Пред Кривичниот суд во Скопје утринава нема граѓани кои протестираат против приведувањата на лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава. Сообраќајот, се одвива нормално.
До доцна синоќа пред Кривичниот суд протестираа приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ и членови на семејствата на приведените. Протестот почна вчера попладне на повик од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
На протестот се обратија актуелни и поранешни пратеници, членови на опозициската партија, кои повикаа за итно ослободување на приведените