Пред локалните избори Шилегов ќе вработи 50 партиски војници на СДСМ во Град Скопје

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов продолжува со вработување на партиски војници.Според последните објавени огласи градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе вдоми педесетина партиски војници.

На објавениот оглас на 17.02.2021 година кој има рок до 03.03.2021 за вкупно 20 работни места се бараат вкупно 26 извршители. А, на вториот оглас објавен на 02.03.2021 година кој треба да е отворен оглас до 16.03.2021 за 17 работни места се бараат 18 извршители.

А, пред неколку дена премиерот Зоран Заев, рече дека Петре Шилегов му е фаворит за градоначалник на Скопје и ќе го поддржи доколку тој одлучи да се кандидира за нов мандат.

-Давам поддршка на секој успешен градоначалник. Но, процедурите во СДСМ се јасни, и мора да се почитуваат, рече премиерот Зоран Заев во изјава за медиуми на 01.03.2021.

Тој додаде дека кандидатурата мора да ги помине сите партиски филтри, а самиот има само пофални зборови за Шилегов.

-Тој е мој фаворит, го немам ни прашано дали ќе се кандидира, но за мене е фаворит. За успесите за сите проекти да се изнајдат средства со сите ограничувања и во време на пандемија, и да се испорачаат сите овие успеси е вредно за големо внимание и поддршка. Нашите постапки за избор на кандидати се во лето. јуни, јули, август, а крај на септември е кампања. Секако, ќе дадам поддршка на секој успешен градоначалник, вкчлучително и на Шилегов, но постапките во СДСМ се отворени и демократски. Инаку, јас гласам во Струмица, граѓаните на Скопје треба преку истражувачки методи да изразат поддршка за нашите кандидати, да имаме привлечни кандидати за граѓаните да дадат поддршка, рече Зоран Заев на истата изјава дадена за медиуми на 01.03.2021.

Но граѓаните од работата на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и не се задоволни, бидејќи се што вети во предизборната кампања ништо не исполни. Градоначалникот Петре Шилегов ќе биде запомнат како градоначалник кој ништо нема направено за градот, ниту еден проект нема спроведена за доброто на скопјаните. Но, затоа градоначалникот Петре Шилегов пред крајот на својот мандат се дрзна да ги смени имињата на улиците.

-Улицата „Ленинова“ не е во чест на Ленин, ако не можете да разберете, не може да размислувате да бидете дел од Скопје, изјави градоначалникот Шилегов при почетокот на работите на кејот на Вардар кај Трговскиот центар.

-Петре Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје, со самиот факт што за Заев е фаворит, тоа уште еднаш потврдува дека целото работење на Шилегов е по насока на Заев, а тоа е целосна не работа и раздавање на тендери.Шилегов не оствари ниту 10% од неговата изборна програма. Нема никакви резултати од областа на екологијата, борбата против загадувањето и комунална хигиена.Скопје за овие четири години стана еден од најзагадените градови во светот, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ објавено на 01.03.2021 година.