Хонгконшката полиција објави во саботата пред одржувањето на новиот протест против тамошната влада, дека открила тајна лабораторија за изработка на експлозиви со складиран материјал и летоци кои повикуваат на независност на Хонгконг од Кина, пренесуваат агенциите.
Во полициската акција е уапсен 27-годишен маж кој е осомничен дека е поврзан со овој случај, но и можна поврзаност со протестите најавени за недела.
Покрај оружјето и летоците, во полициската рација е најдена и облека со натписот „Национален фронт на Хонгконг“, а станува збор за групација којашто заговара независност од централните власти во Пекинг. Оваа групација потврди дека уапсениот 27-годишник е нивен член, но негираат секакви сознанија за експлозивите.
И додека во неделата на антивладиниот протест се очекуваат повеќе десетици илјади луѓе а полицијата повикува на мир, во саботата на собирот под мотото „Да го чуваме Хонгконг“ се собраа повеќе десетици илјади луѓе кои ѝ дадоа поддршка на полицијата и повикаа на запирање на насилствата.
Масовните и честопатио насилни антивладини протести во Хонгконг избувнаа откако властите се обидоа да донесат закон според кој на жителите на Хонгконг би можело да им се суди во Кина, што внесе голема вознемиреност и загриженост во оваа долгогодишна британска колонија. Иако челничката на Хонгконг, Кари Лам, пред десет дека објави дека законот за екстрадиција е „мртов“ и призна дека работата на владата на овој закон било „целосно промашување“, целиот случај ја предизвика најголемата политичка криза во последните неколку децении.
Со новиот антивладин протест во неделата, дел од населението сака да испрати порака дека ќе се спротистават оваа поранешна британска колонија, којашто сега ужива голем степен на автономија во рамките на матицата Кина, биде под управа на централните власти во Пекинг, но и за да се укине формулацијата „една земја, два система“.