Американскиот претседател Џо Бајден повика во петокот на национално единство во пресрет на одбележувањето на дваесетгодишнината од терористичките напади од 11-ти септември 2001 година во САД, нарекувајќи го тоа најголемата моќ на Америка во соочувањето со неволјите.
Бајден во видео записот од Белата куќа, кој е објавен и на Twitter, им одаде почест на сеќавањата на загинатите во нападите и на илјадниците повредени, како и на пожарникарите, медицинските сестри и многу други кои ги ризикуваа или ги дадоа своите животи во текот на спасувањата и долгиот пат до закрепнувањето.
Американскиот претседател спомена и дека „мрачните сили на човечката природа – стравот и гневот, огорченоста и насилството над муслиманските Американци, вистинските и верни следбеници на мирољубивата религија“ го нарушиле но не и скршиле американскот единство.
„Според мене, тоа е главниот урок од 11-ти септември, дека, кога сме најзагрозени, во потиснувањето на сѐ она што нѐ прави луѓе и во битката за душата на Америка, единството е напата најголема сили“, рече Бајден додавајќи и дека „еденството не значи дека мораме да веруваме во иста работа, Мораме да имаме темелно почитување и верна едни во други, и во оваа нација“.
Белата куќа го објави видеото во пресрет на 20-годишнината од терористичките напади, какои дека Бајден ќе ги посети сите три локации кои на тој датум во 2001 година беа нападнати. Во сабота претседателот и првата дама Џил Бајден ќе го посетат Њујорк, каде два патнички авиона се забија во кулите близначки на Светскиот трговски центар кога загинаа 2.753 луѓе, потоа Пентагон во Арлингтон во Вирџинија каде се урна третиот авион, и Шенксвил во Пелсинванија каде што патниците го соборија четвртиот патнички авион за кој се верува дека се насочул кон вашингтонски Капитол или Белата куќа.
Повикот на Бајден за национално единство доаѓа во време на длабоките политички поделби во САД, поради обвинувањата за уркадените претседателски избори, околу пандемијата на короврусот, вакцините, правото на глас и правото на абортус, кои се усвитеа последниот период.
Нападите и злосторствата од омраза кон Арапите, муслиманите или други кои се сметаат за Арапи или муслимани во САД пораснале по нападите од 11-ти септември 2001 година, а иако последните години се стивнати овие показатели никогаш не се вратиле на нивото од пред терористичките напади, покажуваат податоците на Федералното биро за истраги (FBI). Според истиот извор, во последно време во САД се бележи пораст на антисемитски и антиазиски дискриминации и злосторства од омраза.