Неизвесна е ситуацијата со парното греење во Скопје на што се затоплуваа 60.000 домаќинства, околу илјада образовни институции и голем број на компании. Иако, ЕСМ се согласи да ја преземе работата со снабдување со топлинска енергија од БЕГ оваа грејна сезона и доби лиценци за дистрибуција и снабдување, сѐ уште нема договор за закуп со Адора која е сопственик на топланите Исток и Запад. Од ЕСМ за Телма велат дека очекуваат да се договорат до почетокот на окотомври, по што ќе се објави и нов оглас за производство на топлинска енергија, објави Телма.
До вчера беше и рокот до кој ЕСМ требаше да одговори на понудата на Макпетрол за количините на гас, токму за овие две топлани.
Грејната сезона официјално почнува на 15 октомври, а зависно до температурите, може да стартува и порано, но сѐ уште е неизвесно кога и од каде ќе се обезбеди доволно количество на гас.
Нема ниту конкретен одговор од властите дали Тето ќе се согласи да обезбеди 70 отсто од потребите на толинска енергија и дали ќе може да работи и да генерира и струја.