Пред првото славење на Божик по западен католички стил, Зеленски ги повика Украинците да не потклекнуваат во одбраната

Само неколку дена пред Божик кој Украина првпат во историјата официјално го слави на 25-ти декември според западната католичка а не на 7-ми јануари согласно нејзината досегашна православна традиција, украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше на борбениот дух на Украинците и да не потклекнуваат во одбраната на земјата.

„Потребно е максимално внимание за одбраната, максимален напор за државата, максимална енергија за Украина да ги постигне своите цели“, рече Зеленски во своето вечерно видео-обраќање во Киев во четвртокот. „Времето за одмор ќе дојде подоцна“, рече тој.

„Сега, пред Божик, сите во нашата држава мора да запомнат дека ова е време за концентрација, време за работа“, рече Зеленски. „Судбината на земјата ќе се решава во регионите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“, додаде.

Дваесет семејства на украински херои добија станови од државата во четвртокот.

„Секој војник, морнар и офицер на кој му е доделена титулата херој ќе го добие истото признание од државата’, рече Зеленски.