Пред ребалансот на Буџетот делегација на ММФ доаѓа во контрола на Македонија

Македонија тропна на врата на ММФ – но колку пари ќе потребни за покривање на дупката во Буџетот се уште е неизвесно. За колкаво задолжување станува збор не откри премиерот Димитар Ковачевски.

Ребалансот на Буџетот ќе ја чека посетата на ММФ. Неделава тимот на Меѓународниот монетарен фонд ќе анализира дали ги исполнуваме условите за заемот за претпазливост и ликвидност, кој би бил со камата од 1 процент. Очекувањата се до 3-ти мај да заврши увидот по што ќе бидат познати контурите за прекројувањето на државната каса.

И додека надлежните се фалат со позитивната оценка на Меѓуронародниот монетарната фонд за макрофинансиската и економската стабилност на нашата економија – и денеска реагираа од опозицијата. Велат со новото задолжување власта ја турна Македонија во економски колапс.

Неофицијално министерот за финансии на средбите во Вашингтон побарал заем од 900 милиони евра. Секое ново задолжување ќе го зголеми и јавниот долг кој сега изнесува вкупно 60,8 проценти од БДП.