Пред стапувањето на сила на измените на Кривичниот законик, полемики и стравувања за корупцијата на високо ниво

Во домашната јавност сѐ уште траат жестоките полемики во врска со неодамна донесените измени на Кривичниот законик, кои веќе од четвртокот стапуваат на сила, а од Брисел се изразува загриженост дека овие измени ќе се одразат врз некои случаи на корупција на високо ниво.

Измените беа објавени веднаш во Службен весник измените беше со датум 7-ми септември, а во сила влегува најрано осмиот ден од денот на објавувањето, што би значело 14-ти септември. Измените во Кривичниот законик се однесуваат на 38 члена, за кои власта тврди дека 35 се за усогласување со директивите на Европската унија, додека Европската комисија е загрижена токму поради нив.

Тоа значи дека уште од четвртокот ќе има помали казни за двете кривични дела: злоупотреба на службена положба и овластување, како и злосторничко здружување. Притоа, се воведува граница на максимална казна, а беше укинат и еден став од делото злоупотреба на службена положба и овластување. Сево ова, од своја страна, пак, носи и побрзо застарување на делата и чувство за неказнивост на носителите на највисоките политички функции.

Стапувањето на сила на овие измени ќе значат и дека застаруваат дела во предмети на Специјалното јавно обвинителство како „Таргет-Тврдина“, „Тендери“, „Титаник“, „ТНТ“, „Талир“, „Траекторија“. Во сите предмети ефектирани од измените се опфатени над 80 лица. Меѓуто, исто така, ќе се однесуваат и на потенцијални процеси коишто се надѕираат по бројните дубиози и скандали за коишто се врзуваат лица од актуелната влас.

Во најмалку 14 судски процеси познати во јавноста, каде што на обвинителна клупа седат поранешни функционери, ќе настапи застареност на кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувања. Речиси сите судски случаи се предмети кои ги отвори сега расформираното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а во нив се опфатени над 80 лица.

Истовремено Европската унија со загриженост констатира дека некои од измените на Законот за Кривичниот законик усвоени на забрзан начин од Собранието, во прв ред поради намалувањето на максималните законски казни и имаат импликации врз примената на застареноста,и поради влијанието врз голем број случаи на корупција на високо ниво

За ТВ24м Ана Писинеро, портпаролка на Европската комисија вели дека изразуваат жалење поради недостигот од сеопфатни консултации со домашните чинители со Комисијата пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за „знаменцето“ на ЕУ, која велат треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со ЕУ acquis.

„Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки“, вели Писинеро.

Од ЕК велат дека зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидна истрага, како и гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење.

Комисијата ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото многу внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори, велат од ЕК за ТВ 24.