Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби со граѓаните, во помал формат, отколку што тоа беше случај на преходните избори, согласно здравствените протоколи поради кризата предизвикана од кронавирусот.
СДСМ и Коалцијата „Можеме“ денеска се во Чаир и Пробиштип, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на Прилеп, Кривогаштани и Крушево.
Караванот на Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ќе оствари средби со жителите на општините Росоман, Кавадарци и Неготино.