Предизвикувачки мандат за новиот тајвански претседател без парламентарно мнозинство

Новоизбраниот тајвански претседател Лаи Чинг-те би можел да се соочи со тежок четиригодишен мандат без парламентарно мнозинство, при што опозицијата сака да го рестартира проблематичниот трговски договор со Кина и секогаш присутната закана од воена акција од страна на Пекинг, пишува британската новинска агенција Reuters.

Тајванскиот потпретседател Лаи, од владејачката Демократска прогресивна партија (DPP), победи на претседателските избори во саботата со значителна разлика, иако со помалку од половина гласови, но неговата партија ја загуби контролата врз парламентот, на кој Лаи, кој ќе ја презема функцијата на 20. мај, ќе мора да се потпре за донесување закони и буџетите во четиригодишниот мандат.

Поранешниот американски советник за национална безбедност Стивен Џеј Хедли и поранешниот заменик државен секретар Џејмс Б. Стајнберг ќе пристигнат во Тајпеј во недела на постизборни средби со тајвански политичари, соопшти американската мисија во Тајпеј.

Кина пред изборите го нарече Лаи опасен сепаратист. Кина веднаш истакна дека мнозинството гласачи гласале против Лаи, а нејзината канцеларија за прашања на Тајван рече дека DPP „не може да го претставува главното јавно мислење“ во Тајван.

Лин Феи-фан, поранешен заменик генерален секретар на DPP, кој сега е висок член на тинк-тенкот на партијата, изјави за Reuters дека е „прилично загрижен“ што новата влада би можела да има „многу тешки“ четири години, особено за прашањата поврзани со Кина. Вели и дека опозициските пратеници, кои заедно го сочинуваат законодавното мнозинство, би можеле да ги зајакнат своите врски со Кина и да се заложат за рестартирање на контроверзниот договор за трговија со услуги што Тајван го укина пред една деценија по масовните протести.

„Тоа е она што нѐ загрижува. Локалната власт и парламентот би можеле да ги здружат силите за да извршат притисок врз централната власт“, смета Лин.

И главната тајванска опозиција Куоминтанг (КМТ) и од преда само четири годината формираната помалата Тајванска народна партија (TPP) водеа кампања за рестартирање на договорот за трговија со услуги. Ниту една од овие две сè уште не објави дали ќе работат заедно во парламентот, иако претседателот на TPP, поранешниот градоначалник на главниот град Тајпеј и познат хирург, Ко Вен-је, во саботата рече дека партијата ќе ја игра улогата на „витално малцинство“. Поразениот кандидат на КМТ, Хоу Ју-их, не одговорил директно на прашањето за здружување на силите на двете партии во неделата, велејќи само дека „опозициските партии имаат одговорност да бидат опозициски партии“.

Кина ги одби поканите на Лаи за разговори. Лаи и неговата партија го отфрлаат барањето на Кина за враќање на Тајван во рамките на матицата земја со неколкуте понудени модели, и вели дека само тајванскиот народ може да одлучи за нивната иднина.

Ху Ксијин, поранешен уредник на кинескиот весник Global Times на англиски јазик кој е нашироко читан од државата, кој и натаму останува истакнат кинески коментатор, напиша на социјалните мрежи дека не е важно за кого гласале Тајванците кога станува збор за конечно ставање на островот под контролата на Пекинг.

„Моќта на континенатална Кина веќе се чувствува тука, а волјата на 1,4 милијарди луѓе да го завршат обединувањето на земјата, исто така, е тука. Кој ќе победи на локалните избори во Тајван во никој случај не е најважната работа“, напиша Ху.

Кина го опиша гласањето како избор меѓу војна и мир и ги предупреди гласачите да го направат „вистинскиот избор“, но не именуваше ниту еден кандидат за кој посакува да го поддржат тајванските гласачи.

Лаи И-Чунг, претседател на тинк-тенк Prospect Foundation со седиште во Тајпеј, вели дека Кина се обидува да го оправда својот пристап кон Тајван со тврдењето дека успеале да стават крај на парламентарното мнозинство на DPP.

„Според мене, тоа значи дека тие ќе продолжат со цврстиот однос кон Тајван. Според мене, нема намалување на притисокот од Кина, така што ситуацијата ќе биде напната, но мислам дека нема да доведе до конфликт. Се разбира, Кина сѐ ќе му направи потешко на Вилијам Лаи“, вели аналитичарот Лаи користејќи го англиското име на претседателот Лаи.

Во текот на изминатата година и половина, Кина изведе две масивни воени вежби околу Тајван и нејзините сили редовно оперираат во Тајванскиот теснец. Кина, исто така, ја ограничи трговијата или предизвика зголемување на цените во трговијата со Тајван. Сево ова од DPP го нарекоа мешање во изборите на Тајван. Кина, пак, вели дека наводите за мешање во изборите биле „валкани трикови“ од страна на DPP за да се добијат гласови.

Су Цу-јун, научен соработник во Националниот институт за истражување за одбрана и безбедност, тајвански воен тинк-тенк, вели дека не очекува никаква воена акција од кинескиот претседател Си Џинпинг во наредните месеци.

„Тие ќе седат што прави Лаи Чинг-те пред неговата инаугурација во мај. Кинеската комунистичка партија е суперреалистична. Она што не може да го поднесе е политичкиот ризик“, посочува Су.

Кина никогаш не се откажа од употребата на сила за да го стави под своја контрола Тајван, кој го нарекува „света“ кинеска територија.

Виктор Гао, професор на Универзитетот Сучоув во Кина, вели дека 60 отсто од гласачите не го поддржуваат Лаи и оти КМТ освоила повеќе места во парламентот, што значи дека изборите „не предизвикаа бура“.

„Многу е јасно дека Кина има неограничено трпение во промовирањето на мирно обединување и нулта толеранција за какви било напори кои водат кон независност на Тајван. На крајот, партијата што ќе го повлече чкрапалото нема да биде Кина, туку луѓето кои се залагаат за независност на Тајван“, вели Гао.

Кинеската војска допрва треба да ги коментира изборите. Во неделата, кинеската команда во источниот сектор, која е одговорна за областа околу Тајван, на својата сметка на WeChat прикажа слики од ракетни бродови кои изведуваат вежби за гаѓање, но не ја наведе локацијата.

Еден од „претходниците“ на тие бродови, како што се вели, наводно учествувал во битката меѓу кинеската и тајванската морнарица во август 1965 година, во која Кина победи. „Денес, силите ги наследија црвените гени на храброста и дека добро се борат“, се додава во објавата.