Предлог буџетот за 2023 е инфлаторен, а предвидуваат и нови даноци и скалесто оданочување, тоа е скандалозно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во утринската емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер зборувајќи за предлог Буџетот за 2023 година на владата на СДСМ вели дека истиот е инфлаторен, а Македонија има највисока стапка на инфлација во историјата.

Тој што е сам по себе инфлаторен, а велиме дека имаме скај хај највисока инфлација во историјата, односно не потсетува на инфлациската криза на почетокот во 90тите кога ја формиравме државата. Гледајте каде оди безобразлукот во делот на приходната страна, онаму каде што државата ќе го полни буџетот, и вели вака, ние ќе имаме зголемени приходи 500 и нешто милиони евра, и сега вие треба да кажете врз основа на што го темелите тој заклучок. Велат 7,7 проценти од БДП ќе биде инфлацијата, 2,9 раст на БДП и тоа ќе ја стимулира потрошувачката, луѓето повеќе ќе трошат и сето ова нас ќе ни донесе околу 400 милиони евра. Логично е ако векна леб сте ја плаќале 18 денари, а сега ја плаќате 30, тогаш за тие 12 денари во буџетот ќе влезат, а вие мора векна леб да купите. Врз основна на тие два параметри, значи од граѓаните и бизнисот ќе земаат да го полнат буџетот, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека политиките на власта се буџетот да го полнат со воведување на скалестиот данок, како и дека ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог закон за измени на законот односно уште едно дополнително одложување на скалестото оданочување, но истото било одбиено до страна на владејачкото мнозинство на СДСМ.

Втора ставка вели ќе добие 80 милиони евра грант од Европската унија што е за 65 повеќе од претходната година кога добиле 15. И тоа е 65 во нето повеќе, нели ваму заради инфлација и раст и поради грантот. И третата работа вели приходи поголеми за 60 и кусур милиони евра од даноци. А тоа што е ако не е повторно менување на даночната политика и воведување на скалестиот данок. И сега ние како ВМРО-ДПМНЕ поднесуваме предлог закон за измени на законот со кој што бараме да се одложи за уште 1 година овој закон за скалестото оданочување, но го одбиваат, рече тој.

Тоа значи дека од први јануари ќе се воведе повторно скалестото оданочување, ќе се воведат нови ставки на данокот, на депозити, на кирија, и ние сега ќе имаме дополнително оданочување се со една цел да го полниме буџетот. Е тоа е скандалозно и тоа е она кое што навредува, истакна Мицкоски.