Со предлозите е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно, односно секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.
– Воедно, за двете осомничени лица е побарано определување и мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство, се вели во соопштението.
„Тендери“ е истрага што СЈО ја објави вчера, а се однесува за изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, заедно со истрагата „Топлик“ во врска со продажба на градежната парцела за изградба на резиденцијалната насeлба „Сончев град“.