Партиите од владејачката коалиција во Црна Гора во петокот во официјалната собраниска процедура поднесоа предлог за резолуција за геноцид врз Србите во Јасеновац во текот на Втората светска војна во ткн Незавинса држава Хрватска (НДХ), откако Хрватска предупреди дека неговото усвојување може да го загрози патот на Црна Гора кон Европската унија.
Предлогот го потпишале 43 претставници на парламентарното мнозинство, освен претставниците на албанските партии кои, исто така, учествуваат во владата.
Претседателот на црногорската Скупштина (парламентот) и лидер на црногорските Срби Андрија Мандиќ најави дека ќе иницира усвојување на резолуцијата за Јасеновац откако премиерот Милојко Спајиќ изјави дека Црна Гора ќе ја поддржи резолуцијата за геноцид во Сребреница во Обединетите нации, кој Србите го негираат и таа иницијатива ја сметаат како насочена против целиот спрски народ и оби за укинување на српскиот ентитет Република Српска во Босна и Херцеговина.
Во нацрт-резолуцијата се наведува дека Србите, Евреите, Ромите, Хрватите и другите народи биле мачени и убивани во логорот во Јасеновац од 1941 до 1945 година. Се предлага 22-ри април, кога логорот беше распуштен, да стане „Ден за сеќавање на геноцидот во Јасеновац“ кој секоја година ќе се одбележува во Црна Гора.
Предлагачите велат дека се обединети во осудата на сите злосторства на територијата на Црна Гора и поранешна Југославија, нагласувајќи дека одговорноста може да биде исклучиво индивидуална и дека ниту еден народ не може да се смета за геноциден или криминоген.
Хрватска во средата испрати протестна нота до Црна Гора, барајќи жртвите од Јасеновац да не се користат за итни политички калкулации во Црна Гора и предупреди дека усвојувањето на резолуцијата ќе го загрози патот на Црна Гора кон Европската унија и односите меѓу Црна Гора и Хрватска.
Шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман изјави дека усвојувањето на декларацијата за Јасеновац е иницирано во контекст на Резолуцијата на ОН за Сребреница, а најверојатно сакаат да ја „дефокусираат Сребреница и да политизираат со Јасеновац“.
По најавата на Мандиќ дека ќе иницира резолуција за Јасеновац, црногорскиот премиер Спајиќ рече дека нема проблем да поддржи секоја резолуција со која се осудуваат злосторствата. Поради поддршката за резолуцијата за Сребреница, дел од просрпската десница се закани дека може да ја откаже поддршката на владата на Спајиќ во парламентот.
Владата на Спајиќ поднесе два амандмана на резолуцијата за Сребреница, за која ќе расправа ОН на 23-ти мај, со кои се индивидуализира вината за геноцидите и се повикува на почитување на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година.
Црногорското владејачко мнозинство го сочинуваат Европа сега на Спајиќ, просрпската коалиција За иднината на Црна Гора, умерената просрпска Социјалистичка народна партија (СНП), Демократската партија на политичкиот центар и партиите на Албанците во Црна Гора.