За историчарите од Албанија и Косово, предложениот државен грб не е спорен од историски аспект. Велат дека, мотивот на лавот е дел од албанската традиција со веков, објави Телма
– Лавот бил симбол на најстарото албанско семејство од 13-от век, Скура, нешто подоцна и на феудалното семејство Топија, но и на Скендер бег, кој на дотогашниот симбол на неговото семејство, двоглавиот орел, го додал и лавот. Но, доколку за некого е спорен, тој би можел и да се стилизира, да се збогати со нови елементи, за да се покаже етничкиот состав на државата, вели Полумб Џуфи, историчар од Албанија.Историчарот покажа грб од Албанија од 13-от век, на кој е претставен лав и неколку ѕвезди.Токму ова, смета тој, би можело да биде идеја за новиот грб. Неговиот колега од Косово, пак, посочи дека, овој симбол го имале сите кнежевства на Балканот. За него не е спорен лавот, туку круната над него.
-Круната е симбол на монархија, што би претставувала таа во демократско општество?Бисерите и рубините во неа се соодветни, а лавот е свртен кон запад, што значи дека Македонија е определена да се припои кон западното семејство. Тоа не може да им пречи ни на Албанците, ниту на Македонците, рече Шеќерини Имани, историчар од Косово. Имани забележа дека, владата требало да даде повеќе опции, од кои би се избрала најсоодветната, што ќе ги задоволи сите страни. Албанските историчари од Македонија, пак, се порадикални во ставовите. Велат дека и во многу албански семејства децата биле крштевани како Луан, односно лав, но тој симбол никогаш не бил прифатен како национален.
-Албанските принципати од средниот век имаа симбол двоглав орел, а лавот го прифатиле затоа што имале фамилијарни врски со Франција. Предлогот на владата не содржи никакви албански елементи, нека не настојуваат професорите да не убедат во тоа, вели Неби Дервиши, историчар од Македонија.
За нашите историчари од албанско потекло, најприфатлив симбол е двоглавиот орел, а имаше предлози и за грб што би бил полу-лав, а полу-орел.