Во Собраниската комисија за прашања на избори и именувања денеска започна постапката за избор на претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите.
За член и претседател на Комисијата е предложен Томе Аџиев кој и во изминатите три години беше на оваа позиција. За негов заменик се предлага Асан Лума и за членови Новица Велјановски, Предраг Димитровски, Ѓорѓи Малковски, Вецко Здравевски, Ристана Лалчевска, Шпенд Винца, Даут Даути, Цветанка Соколова Младеновска и Марија Зафировска. Доколку биде избран овој состав на Комисијата за лустрација четворица од нејзините членови ќе бидат нови.
Од СДСМ сметаат дека овој состав е доказ за продолжување на битката со неистомислениците.
Претседателот на Комисијата Илија Димовски, инаку пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека би било добро и СДСМ да биде вклучен во процесот на лустрација. Тој смета дека треба законот да се семни, но процесот на лустрација да биде поефикасен.