![vmro-dpmne](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/vmro-dpmne.jpeg?resize=696%2C522&ssl=1)
СДС имаа 7 години власт, прашањето е зошто 7 години не го намалија ДДВ-то за струја како што бараат денес? СДС со погрешните политики и мерки ја уназадија државата, го осиромашија народот и го уништија животниот стандард на граѓаните.
СДС 7 години не се грижеа за граѓаните и животниот стандард и лицемерно е денес да глумат загрижени за народот. СДС се тие кои ја откочија спиралата на раст на цените.
СДС се тие кои ги зголемија цените. СДС се тие кои ја зголемија цена на струјата за 50 %. СДС зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Во време на СДС инфлацијата беше двоцифрена. Додека врхушката блиска до СДС, енормно се богатеше и мислеше само на фамилијарните бизниси, народот осиромашуваше. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги субвенционира граѓаните кои спаѓаат во ранливата група по 1000 денари за потрошена електрична енергија во траење од 12 месеци. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано презема мерки за подобрување на економската состојба и животниот стандард на граѓаните.
Расте бројот на странските инвестиции, се зголемуваат плати и пензии, се намалуваат цените на прехранбените производи, додаваат од оваа партија.