Ракавици без прсти, очила за сонце и мебел, се некои од личните работи на Карл Лагерфелд кои аукциската куќа Сотби ги изложи во Келн. Прелиминарна проценка е дека предметите на познатиот германски дизајнер, кој почина во 2019 година вредат околу 700.000 евра.
Предметите може да се видат од четвртокот, а на аукциите во живо на 4 и 5 мај ќе има вкупно 233 лота. За останатите 250 тендери ќе биде продажбата онлајн на 29 април и на 6 мај. Цената ќе се движи од 50.000 до 80.000 евра.
Две групи предмети од наследството на Лагерфелд веќе беа продадени минатата година, во Монако и во Париз. Тие заедно донеле 18,2 милиони евра, четири пати повеќе отколку првичните проценки.