Справата Power Platе работи со помош на механички вибрации, првично померувајќи ја платформата горе-долу за подобрување на мускулатурата, лево-десно и напред-назад за подобра рамнотежа и координација.
Клучен фактор е дека вибрациите се хармонични. Вибрирањето на платформата дава природен одговор на невро-мускулниот систем кој ја апсорбира вибрацијата, изведувајќи природни, рефлексивни контракции. Фреквенциите на вибрации се движат од 25 до 50 Hz. Вибрациите под 20 Hz можат да се совпаднат со вибрациите на кои работат нашите органи, над 50 Hz го губат значењето затоа што мускулите не можат да издржат толку многу контракции и остануваат згрчени.
Каде се тука добро познатите тегови?
Одговорот на ова прашање, всушност е поигрување со физиката. Тренингот со Power Plate справи го користи принципот на Вториот Њутнов закон за движење и добро познатите формули: СИЛА= МАСА x ЗАБРЗУВАЊЕ. Сепак, додека во конвенционалниот тренинг се зголемува масата, тука се зголемува забрзувањето со помош на вибрациите. Тој што вежба работи со сопствената маса којашто добива забрзување и со тоа и поголема сила која делува на мускулите. Во зависност од бројот на вибрации во секунда и висината на поместувањето на платформата, силата се движи од 1 до 6.
Power Plate е машина која им дава на мускулите на телото брзи вежби, преку употреба на вибрации, со цел да ги стимулира на контракции и на опуштања. Во нормални услови, контракциите се случуваат еднаш или два пати во секунда, но со стоењето на Power Plate машината, вибрациите предизвикуваат автоматски рефлекс, со што контракциите се зголемуваат од 30 до 50 во секунда.
Од тие причини Power Plate се смета и за голем заштедувач на време, поради ефективноста на тренингот и фактот дека голем број на мускули во телото се активираат во исто време, што не е случај со поголемиот дел на анаеробни вежби. Се смета дека 25 минути вежбање на Power Plate соодветствуваат со 60 минути конвенционален кондиционен тренинг.
Power Plate Studio Mk ви ги открива сите тајни на овој начин на вежбање. Сертифицираните тренери во продолжение одговараат на најчесто поставувани прашаања во врска со Power Plate вежбањето.
1. Колку често треба да се вежба Power Plate?
Одговорот на ова прашање најмногу зависи од тоа што сакате да постигнете со вашиот тренинг. Прво, препорачуваме да се консултирате со вашиот сертифициран Power Plate тренер. Начелно правило е дека треба да направите пауза од 48 часа помеѓу два тренинга кога се работи на иста група на мускули. Ако работите на поединечна група на мускули на секој тренинг, можете да вежбате вежби со Power Plate на дневна основа. Значи, не се препорачувада се повторуваат идентични програми за вежбање секој ден. Секако дека можете редовно да правите масажа и релаксација.
2. После колку време се гледаат ефектите од вежбањето Power Plate?
Субјективното чувство на подобрување и правилно држење на телото се јавува после две недели.
Првите ефекти се видливи на телото по еден месец. За лица кои никогаш претходно не вежбале, потребен е малку подолг период.
3. Дали има докази дека навистина делува оваа справа?
Постојат стотици независни научни студии за различните ефекти од Acceleration Training, објавени од престижни светски универзитети. Резултатите од овие истражувања се објавени во веродостојни научни списанија, со што наодите од истражувањето се официјални научни податоци.
4. Дали Power Plate може да биде опасно по здравјето?
Уште од лансирањето на брендот Power Plate во 1999 година, стотици илјади луѓе ширум светот ги користат овие справи, многумина од нив и со години и за сето тоа време нема регистрирани случаи на негативни ефекти од вежбањето на овој уред. Големиот број на корисници во текот на долг период укажува на тоа дека Power Plate справите се безбедни и ефикасни. Се разбира, како и со кој било тренинг, треба да се изврши контролен преглед при првата употреба на справата. Ако сте активни и здрави, веројатно сте добар кандидат за Acceleration Training. Се разбира, постојат некои физички состојби кои не дозволуваат ваков вид на вежбање. Најдобро е да се консултирате со овластен инструктор на Power Plate и со вашиот лекар на оваа тема.