Предраг Самарџиски го засилува Еуро никел од Кавадарци

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски по две години се враќа во мак-кошарката и ќе ги брани боите на Еуро Никел, клуб кој со големи амбиции ќе ја стартува новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Во својата богата кариера Самарџиски има настапи за бројни клубови од регионот, а во Македонија досега ги бранеше само боите на МЗТ Скопје, каде пред две сезони го освои домашниот шампионат.

Ова лето Еуро Никел драстично го промени ликот на својот тим и доведе дури осум нови кошаркари. Покрај Самарџиски, во Кавадарци се преселија Ивица Димчевски, Александар Штерјов, Џордан Калахан, Андреј Цветковски, Теодор Атанасов, Бранислав Ѓекиќ и Обрадо Томиќ.