![stojakovik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/stojakovik.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Легендарниот српски кошаркар, Предраг Стојаковиќ, официјално ќе биде примен во „Куќата на славните“ на НБА лигата, јавуваат американските медиуми.
Големата чест за Стојаковиќ ја најави официјалната страница на ФИБА, а заедно со него на церемонијата ќе биде примен и славниот играч на Индијана Пејсерс, Реџи Милер.
Вкупно седум играчи и тренери ќе добијат своето место меѓу „вечните“, а Стојаковиќ го заслужи ова признание како долгогодишен член на Сакраменто Кингс и Далас Маверикс, со кој ја освои НБА титулата во 2011 година.