Предупредување од УХМР, и ноќва ветер со бризна до 70 километри на час

Ветер со брзина над 70 километри на час во четвртокот повремено дуваше во Штип и Струмица, а попладнево во скопската котролина со брзина од 60 километри на час. Умерен до засилен ветер, а повремено и силен ветер имаше претпладне од јужен, а попладнево од северозападен правец.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, и до крајот на денот и во текот на ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде и силен со брзина и над 70 километри на час.

Времето утре ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде претежно сончево и студено со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 2 степена.