Дождот што врне на целата територија на државата, на повисоките места премина во снег, објави Центарот за управување со кризи.
Конкретно, на планините во западните и североисточните делови над 1.000 метри надморска височина врне снег. Одредени патни правци се забранети за тешки товарни возила, како на пример делницата Маврово – Дебар, превојот ,,Стража”, а на делницата од Крива Паланка на околу три до пет километри од пред граничниот премин ,,Деве Баир” е отежнат прооден дел од патот.
Надлежните за магистралните патишта веќе преземаат активности за чистење на критичните точки на повисоките места.
Од ЦУК апелираат до граѓаните, кои планираат да патуваат, а и тие што веќе патуваат да бидат внимателни на патиштата, како заради дождот и снегот, така и заради можни одрони. Истовремено да ги следат и информациите на надлжните служби, а и медиумите, коишто за истите критични точки и патни правци.