Не е прашањето дали, туку кога ќе се случи терористички напад во Швајцарија, изјави во вторникот швајцарското министерство за одбрана.
Швајцарската разузнавачка агенција објави дека ризикот од напади на екстремистите во Швајцарија останува на зголемено ниво.
„Најверојатната закана во Европа, па според тоа и во Швајцарија, и натаму доаѓа од терористите мотивирани од џихадот“, соопшти швајцарската Сојузна разузнавачка служба (FIS).
Ваквата процена е објавена додека поголемиот дел од западна Европа закрепнува од нападите поврзани со исламистичкиот тероризам.
Агентите на FIS идентификувале повеќе од 500 корисници на интернет со врски во Швајцарија коишто ги користеле социјалните мрежи за ширење на џихадистичките идеи и пропаганда.
Две лица кои земаа заложници и заклаа свештеник во Франција, во Швајцарија минатата година патувале преку аеродромите во Женева и во Цирих.