Предвремените избори во Србија ќе се одржат на 16-ти март

Предвремените парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 16 март, соопшти српскиот претседател Томислав Николиќ, откако распиша указ за распуштање на Парламентот, пренесе „РТС“.

Во своето обраќање пред нацијата Николиќ повика граѓаните да одлучат и да гласаат за оние за кои мислат дека ќе управуваат најдобро со земјата.

„Направени се доста промени, а заслугите ги земаа сите кои извршуваат јавни функции“, изјавил Николиќ.

Владата на Србија вчера му предложи на претседателот Томислав Николиќ да го распушти парламентот и да распише предвремени парламентарни избори.

Предлогот за распуштање на Парламентот беше доставен од премиерот Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вчучиќ. Во појаснувањето на барањето за предвремени избори се наведува дека Владата постигнала доста резултати во последниот период, но реформите кои треба да бидат реализирани бараат поголема јавна поддршка.