Предвремените парламентарни избори во Косово закажани за 11 јуни

Косовскиот претседател, Хашим Тачи денеска ги распиша предвремените парламнтарни избори во Косово за 11 јуни.

Одлуката за закажување на изборите на овој датум Тачи ја донесе по средбата со претставницте на политичките партии.

Претседателката на косовската Централна изборна комисија, Ваљдете Дака изјави дека во согласност со надлежностите ова тело е подготвено да ги преземе сите активности за одржување на изборте на 11 јуни.

– Очекуваме соработка со сите институции и ги повкуваме политичките субјекти да го почитуваат Уставот и другите законски одредби за успешно спроведвање на изборите, рече Дака.

Предвремените парламентарни избори Тачи ги закажа откако вчера Собранието и изгласа недоврба на Владата на Иса Мустафа, по што неколку часа подоцна тој го распушти Парламенот.

Овие парламентарни избори во Косово ќе се одржат една година пред редовниот термин.