Бројни денешни идеи во медицината се создадени многу порано, но не можеле да се применат бидејќи недостигале денешните методологии и технологии. Одредени идеи или методи во циклус од 20-30 години повторно се појавуваат. Ова се случува и со масното ткиво кое во моментов доживува најголем бум во светот. Може да се каже дека примената на масните клетки во бројни цели е врв на денешното знаење и технологија, особено ако се користи во комбинација со матични клетки.
Мастите почнале да се користат во последните 20 години во разни цели. Последниве години значително се зголемува бројот на индикациите за примена на мастите. Идеата е мастите да се отстранат од несаканото и да се префрлат во посакуваното место или таму каде што е потребно. Мастите се користат првенствено за надомест на волуменот, опоравување и обновување на ткивото.
Како изгледа процедурата?
Мастите се земаат од стомакот, колковите, бутините или препоните. На местото од кое ги вадиме мастите се става локален анестетик. Липосукцијата со ултразвук која ја користиме во нашиот Центар се покажа како најпогодна метода за најбрзо отстранување на мастите без да се оштетат масните клетки. Исто така примената на затворениот систем при вадењето на мастите при која клетките не доаѓаат во допир со воздухот, како и центрифугирањето со кое се отстрануваат нечистотиите се гаранција за најдобри резултати. Во вака подготвените масти се додаваат факторите на раст од крвта (PRP метода) што дава трајност на резултатите. На местото на вбризгување на мастите се прави мал отвор доволен за влез на канилата, кој зараснува без лузна. Мастите се вбризгуваат во слоеви,капка по капка,при што се создава нова циркулација и овозможува нивно прифаќање. Со текот на времето резултатите се се подобри, бидејќи се потребни околу 6 месеци за да во потполност се создаде циркулацијата на местото на вбризгување на мастите. После извршената процедура, местото се дезифинцира, се става фластер и можете да си одите дома. Третманот е безболен и комфорен.
Примена
-подмладување на лицето, намалување на порите, отстранување на пигментации, подобрување на изгледот и квалитетот на кожата
-лифтинг на лице
-намалување на подочници, кеси и пигментација под очите
-потенцирање и зголемување на јаболчниците
-подигнување на веѓите
-зголемување на усните
-зголемување и обликување на градите
-зголемување и обликување на задникот
-корекција на вдлабнатините во кожата настанати како последица на мануелна липосукција
-намалување на лузните
-подмладување на дланките
Трансферот на мастите нема улога во намалување на брчките,туку враќање на волуменот кој се губи со текот на годините. Брчките индиректно се намалуваат. Ова е метода на подмладување на лицето која дава најдобри резултати и не постои друг вид на третман или операција која би можела да се мери со резултатите од префрлањето на мастите. Во моментов најдобра процедура во светот за обликување на лицето е лифтинг со префрлање на масти и матични клетки. При зголемување на градите се добива природен изглед, што е и целта на оваа процедура.
Компликации и опоравување после третманот
Со правилна техника ризикот од компликации при овој третман е сведен на минимум. Може да се случи појава на модринки или оток, кои се индивидуални и можат да траат 4-7 дена.
Разлика помеѓу класична и современа липосукција
-локална анестезија
-вибрациона липосукција
Современата липосукција се врши во локална анестезија за разлика од класичната која се работи во општа анестезија. Голема предност на локалната анестезија, освен тоа што веднаш после интервенцијата пациентот си оди дома, е и во тоа што прецизност во моделирањето е неспоредливо подобра и при која пациентот може да стане и да менува положба.
За разлика од класичната липосукција со која масното ткиво се отстранува механички со специјални хириршки канили, ултразвучната липосукција користи вибрации од 10Hz кои значително ја олеснуваат процедурата, ја забрзуваат постапката и ја зголемуваат прецизноста при отстранувањето на мастите. Оштетувањето на ткивото е помало, има помали подливи и болка, опоравувањето е побрзо и резултатите се подобри.