![133460742 прегазен](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/133460742-9.jpg?resize=640%2C434&ssl=1)
Сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците “Страшо Пинџур” и “Блажо Ицев” во селото Ваташа. Патничко моторно возило “форд фокус” со кавадаречки ознаки управувано и сопственост на С.Ц. роден 1996 година во Ваташа, удрило во пешакот Л.Ј од Кавадарци роден 1953 година, појаснија од полицијата.
Тешко повредениот пренесен во кавадаречката болница, а оттаму на Клиничкиот центар Скопје.