Автомобил „Фолксваген Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.П. (33) вчера на улицата „1-ва“ удрил во пешакот С. В. (55).
Во незгодата С.В. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Куманово, поради сериозноста на повредите, била пренесена во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово.