Страшна несреќа се случи во 19 часот и 20 минути во Скопје, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во непосредна близина со крстосница со улицата „9- ти Мај“. Мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот Д.И. од Скопје, удрил во пешак.
Се работи за 51-годишниот С.С. од селото Лабуништа, струшко. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, додека кај С.С. се констатирани тешки телесни повреди и истиот се наоѓа во животна опасност.
Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.