Прегазен пешак во скопски Аеродром, возачот побегнал од местото на настанот

По само два часа откако настапи новата година во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ патничко моторно возило „Мерцедес“ удрило во пешак М.Ц.(40) од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот.

По незгодата пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.